Јуниор Кисела Вода на меч до Супер лига

Минатата година еден натпревар, во Неготино, им ги распрсна надежите дека ќе играат во Супер лига. Годинава, повторно ја имаат судбината во свои раце. 
Јуниор Кисела Вода, две сезони по ред, и редно е да споменеме со сопствени сили, без позајмици од големиот брат каков што е Металург 2 или украински ветерани во тимот каков што е Работнички одново има меч за Супер лига, или бараж во најмала рака. 

Во претпоследното коло, Јуниор Кисела Вода го совлада Младост 09 во Богданци (29-26) и остана во трката со споменатите фаворити Металург 2 и Работнички. 
Има два бода помалку од Металург 2 и еден помалку од Работнички. 

Во последното коло, на домашен терен играат со Работнички. Нема сомнеж дека ракометната публика од Кисела Вода ќе биде на нозе за овој натпревар. Работнички е фаворит, но покажа и слабости во текот на сезоната, а токму на тоа ќе се надева и Јуниор.
Металург 2 кој е во најдобар позиција гостува во Неготино, кај Вардар и со победа ќе обезбеди директен влез во Супер лигата. 

Ова е можеби последната шанса за овие екипи да се приклучат на Супер лигата. За наредната сезона (2021/22) е најавено враќање во Супер лигата на Вардар и Работник, па останува отворено прашањето каков ќе биде системот на натпреварување. Како и да е, доколку Супер лигата не се подели на два дела (во Првата лига ова даде одлични резултати), тогаш мали се шансите за влез во елитата на екипите што следната сезона ќе играат во Првата лига да дојдат до ваква шанса.  
 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk