ЗОШТО ДА ГЛЕДАТЕ КАДЕТСКО СП: Ѕвездени првенства

Македонија летово одново ќе биде во центарот на светската ракометна јавност. Домаќини сме на Кадетското светско првенство, почнува на 6 август, завршува на дванаесет дена подоцна. 

Самото споменување на „кадетски“ не звучи како магнет за публика. Затоа одбравме неколку моменти со кои се надеваме дека ќе го промениме ваквото мислење и ќе привлечеме поголемо внимание кога ќе дојде моментот да се гледаат „децата“ до 19 години на терен. 

Досега се одиграни седум Кадетски светски првенства. Прочепкавме по составите, на секој ваков мундијал играле имиња кои денеска се вистински ѕвезди во светскиот ракомет. Одбравме по неколку од секое првенство. 

На мундијалот во Бахреин 2007 година играле следниве денеска добро познати играчи:
Николај Маркусен, Каспер Мортенсен (Данска), Домагој Дувњак, Мануел Штрлек, Игор Карачиќ (Хрватска), Сајед Естеки (Иран), Хорхе Македа (Шпанија), Диего Симеоне (Аргентина), Пјотр Храпковски (Полска), Ким Егдал ду Риц (Шведска)...

Тунис 2009 година :
Марино Мариќ, Иван Слишковиќ (Хрватска), Кентан Мае, Валентин Порт, Матју Гребил (Франција), Хенрик Пекелер (Германија), Ваел Жалуз (Тунис), Родриго Коралес (Шпанија), Арон Палмарсон, Стефан Сигурмансон (Исланд)... 

Аргентина 2011 година:
Лука Шебетиќ, Стипе Мандалиниќ, Домагој Павловиќ (Хрватска), Јулиус Кун, Фабијан Виде (Германија), Александар Деревен, (Русија), Мијајло Марсениќ (Србија), Александар Шепнде, Блаж Благотиншек (Словенија), Алекс Душебаев, Феран Соле, Аитор Арињо (Шпанија)

Унгарија 2013:
Вјачеслав Салдаценка, Артојм Каралек (Белорусија), Рожерио Мораеш, Мануел Лангаро (Бразил), Марко Мамиќ, Бруно Буторац (Хрватска), Ландин, Никлас Киркелоке (Данска), Николас Турнат, Вилмино и Делакроа (Франција), Јаник Колбахер, Пол Друкс (Германија), Сандер Сагосен, Торборн Бергеруд (Норвешка), Урх Кастелиц, Матиц Сухолежник (Словенија), Албин Лагергрин, Симон Јепсон, Френд Офорс (Шведска)...

Русија 2015:
Роман Лагард, Беноа Конку, Лудовик Фабрегас, Мелвин Ричардсон, Дика Мем, Јанис Лене (Франција), Патрик Лигетвари (Унгарија), Санталов, Горпишин и Фурцев (Русија), Дејан Милосављев (Србија), Шипиќ и Мандиќ (Хрватска), Блаж Јанц, Јака Малус и Гаспер Маргуч (Словенија), Хуан Ледо и Даниел Душебаев (Шпанија)

Грузија 2017:
Халил Јагањац (Хрватска), Вилмино и Кемп (Франција), Косоротов (Русија), Тарафета (Шпанија), Андре Гомез, Луиш Фраде, Диого Силва (Португалија), Домен Макуц, Ферјан (Словенија)






 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk