ГЛЕДАЈТЕ ДЕНЕСКА: Бутел во битка за Европа

Екипата на Бутел, по потешкиот пат ќе треба да стигне до Европа. Пласманот што им беше на дофат на рака, сега одново е горе на гранката. Сега веќе не може да смета на резервната опција Пелистер да им заврши работа, па ќе мора во следните два натпревари, со Металург дома и со Работник во последното коло, да оствари една победа.
Тоа се двата тима што се подобропласирани и што Бутел годинава на првенствен натпревар ги нема победено. Шансата реално им е денеска на натпреварот со Металург. Или можеби да очекуваат еден од двата следни ривала, да одигра потег каков што одигра Вардар на средбата со Пелистер, па да излезе со резервен состав или немотивирани играчи. 

Во секој случај, Пелистер е одново во игра за Европа, на следниот меч игра со Пролет и Бутел е во ситуација да мора да победи. 
За Металург првенството на две кола до крајот е завршена работа. Ќе бидат трети во првенството. Нити можат да го стигнат Работник, ниту пак некој може да ги стигне. Ќе чекаат да видат дали Работник ќе добие виза за Лига на шампиони. Ако добие ќе бидат во вториот шешир за ЕХФ Куп, ако не ќе играат едно коло плус.
Тоа е во секој случај џокер за Бутел за кого рековме како стојат работите.

Најммногу во целава ситуација, на хартија, страда Пролет кој со победа над довчера отпишаниот Пелистер и два пораза на Бутел ќе игра(ше) во Европа. Сега, Пелистер одново има резултатски амбиции. А и целото расположение во Супер лигата е променето. 

Се зависи од Бутел и Металург, а нивниот натпревар е на програмата денеска од 19:30 часот. 

Натпреварот можете да го гледате на следниов ЛИНК
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk