Келце е шампион на Полска

Висла Плоцк годинава беше чекор поблиску, но сепак, се уште далеку од моментот да го изненади Келце во битка за шампионски пехар.
Откако на првата средба одиграна во Плоцк беше 26-26, на реваншот во „Легионово“, Келце славеше победа од 32-25. 

Алекс Душебаев и Лука Циндриќ со по седум гола го водеа Келце до новата шампионска титула. Лука Циндриќ беше прогласен и за МВП на финалниот двомеч. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk