Веспрем го збриша Сегед, Наѓ се збогуваше

Веспрем е на вистинскиот пат да се врати на тронот во Унгарија по една сезона мината како вице-првак. На контроверзниот прв меч, а контроверзен велиме затоа што го судеа Данци и делегатите им беа од Австрија и Белгија, Веспрем го совлада сегед со 35-24. 

Интересно е што на овој меч подобар тим во првиот дел беше Сегед и водеше со 14-13 на полувреме. И се чинеше дека оди во вистински правец кон одбрана на пехарот. 

Вториот дел Веспрем го доби со неверојатни 22-10.

Повторно Шетрбик беше во длабока сенка, а Роланд Миклер го уништи Сегед во вториот дел. Да потсетиме, Роланд Миклер следната сезона ќе брани во Сегед. 

Дејан Манасков постигна четири гола на оваа средба. 

Ова беше последниот натпревар на Ласло Наѓ во Веспрем Арена. Легендата на Веспрем се збогуваше со домашната публилка. Му остануваат уште три меча до крајот на кариерата. Во Сегед и во Келн. 

Истото важи и за Момир Илиќ. Потоа Наѓ станува директор, а Илиќ помошник тренер во Веспрем. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk