СЕНЗАЦИЈА ВО БЕЛОРУСИЈА: Мешков го загуби Купот!

Мешков Брест е најновиот член на друштвото во кое годинава се зачленија Вардар и Целје ПЛ. Пристапница за ова друштво е сензационален пораз во домашниот Куп. 

Вардар прв муго предаде пехарот на Металург, потоа Целје уште во полуфиналето загуби од новиот освојувач Горење, а сега и Мешков Брест беше поразен од екипата на СКА Минск. 

Димитри Никуленков, довчерашниот капитен на Мешков Брест, кој неочекувано доби отказ од клубот ја имаше својата слатка одзмада над Мешков. 
Никуленков постигна седум гола, беше најефикасниот на мечот а СКА Минск победи 30-29 (14-12) и го освои белорускиот Куп. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk