ЌЕ ИМА ГЕРМАНЕЦ ВО КЕЛН: Дизингер почна да тренира

Далеку беше Келн за Германецот Кристијан Дизингер кога во финалето на СЕХА Ф4 страотно падна во дуелот со загрепските дефанзивци. 

Но, голема е желбата и мотивот кај Германецот кој доколку успее да се рехабилитира комплетно, а за тоа има уште петнаесетина дена, ќе биде единствениот Германец на теренот во „Ланксес Арена“. 

Шансите за такво нешто се реални. Најавите се едно, но Дизингер се приклучи и на тимскиот тренинг на Вардар, а тоа е препорака за место во ростерот за дуелот со Барса на 1 јуни. 

Дизингер и натаму главно индивидуално работи, но штом почнал и со тимот, а и петнаесетина дена не се малку, очекуваме Вардар комплетен да го видиме на пресметката со најстрашниот тим во ЛШ годинава. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk