Карабатиќ повторно на операција

Никола Карабатиќ не игра сезона за паметење. Голем дел од сезоната ја мина повреден или во период на рехабилитација, па малку видовме годинава од (некогаш) најдобриот светски ракометар. 

По неславниот крај во Лигата на шампионите и обезбедената шампионска титула во Франција, Никола Карабатиќ одново ќе го оперира проблематичното стапало на левата нога. 

Поради оваа интервенција, нема да биде во составот на Франција за последните два дуела од квалификациите за ЕП 2020. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk