Ќе остане ли Лазаров без ЛШ?

Сценариото Лигата на шампионите да ја има својата премиерна сезона, без својот најдобар стрелец низ историјата, а тоа е Кирил Лазаров е сосема остварливо

Денеска Нант беше поразен на домашен терен од Екс Прованс (28-29) и така врза два пораза по ред (минатото коло загуби од Ним), а во следното коло гостува кај второпласираниот Монпеље. Кирил Лазаров постигна четири гола од осум обиди на овој натпревар. 

Монпеље, Нант и Шамбери во моментов имаат по 35 бода, додека Ним на петтото место има 34. Монпеље и Ним играат меѓусебе во рамките на тековното коло. Од шампионатот на Франција две екипи загарантирано одат во ЛШ, а најчесто и треттата екипа од нивното првенство добива вајлд карта. 

Шамбери е најсериозниот кандидат да го мине Нант на табелата (трето место) доколку Лазаров не успее следното коло да го совлада Монпеље. Имаат и само едно потешко гостување, кај Ст. Рафаел што може да им ги помати сметките. 

Ним е блиску, но има и дуели со ПСЖ и Шамбери, па не би се обложиле на нив. 

Трката на Нант не е завршена. Шанси имаат и тоа во нивни раце се, но по денешниот „кикс“; Шамбери има легитимно право да се надева на враќање во ЛШ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk