Десподовска менува клуб во Полска

Македонската ракометарка Зорица Десподовска, со завршувањето на сезоната заврши и со обврските кон нејзиниот досегашек клуб Пјотрковиа. 
Клубот го одбрани статусот, играше во плеј аут лигата, но сезоната ја заврши на осмото место од вкупно 11 екипи. 

Десподовска си заминува од Пјторковиа, но не и од Полска. Следната сезона ќе игра за екипата на Кобержице.


„Денеска го одиграв последниот натпревар за Пјотрковиа. По три години, навистина беше малку тажно. Но, сега одам во Кобержице, посилен тим, поголеми амбиции, па ќе видиме“, изјави за g-sport.mk,  Десподовска. 


Кобержице е екипа што сезонаава во Полска игра во плеј оф. Во конкуренција на шест екипи, тие во моментов се на петтото место и веројатно таму и ќе завршат. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk