Брегар со 24 играчи против Македонија

Селекторот на Словенија, Урош Брегар, полека закрепнува од епилептичниот напад што го имал за време на тренингот со Крим. Службите на словенечката „Рокомента звеза“ денеска го објавија неговиот избор на играчи од кои ќе селектира тим за дуелите со Македонија (2 и 6 јуни). Натпреварите се во рамки на баражот за пласман на СП Јапонија 2019. 

Брегар не штедеше место на списокот, па повика дури 14 ракометарки за овие подготовки. Се собираат на 20 мај и потоа одат во Унгарија каде што ќе играат еден пријателски натпревар против Унгарија. 

На списокот има интересни имиња. Очекуваме Ана Грос да биде нивното најсилно оружје, Тјаша Станко, Анеја Бегановиќ... Тамара Мавсар. Иако е на списокот, не очекуваме во составот да ја видиме, Елизабет Омореги, поради проблем со коленото. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk