Ларвик е префрлен во Втора лига

Ларвик, 19 кратен шампион на Норвешка и поранешен европски првак е преселен во Втора лига. Во Норвешка најилната лига е Елит Сериен, по неа, втора по ранг е 1 Дивизија. Ларвик следната сезона ќе игра во 1 Дивизија. 

Ларвик со години има финансиски проблеми што доведоа до заминување на најдобрите ракометарки. Годинава, клубот имаше професионални договори до 30 април, па во полуфиналето на норвешкиот плеј оф во кој се сретна со Вајперс Кристијансанд, на натпревари што се играа во мај, настапи со младинскиот состав. Епилогот беше катастрофален. На првата средба беа поразени со 39-9. Втората беше малку подобро 17-34. 

Сите норвешки клубови до крајот на април мораа да аплицираат за лиценца за играње во Елит Сериен и 1 Дивизија. Аплицираше и Ларвик, но апликацијата му е одбиена. 

„Ларвик не ги исполнува финасиските критериуми за играње во Елит Сериен. Затоа е префрлен во 1 Дивизија. Има рок од 14 дена да се жали на оваа одлука“ , стои во објавата на норвешката федерација. 

Се чини дека друштвото во кое се Кометал Ѓ. П, Слагелсе, Мар Валенсија, Вардар, наскоро ќе добие нов звучен член. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk