Место во Вардар, заврши во Франција

Романскиот бек Дан Емил Ракотеа беше таксан за трансфер (позајмица) од Веспрем во Вардар, но последните настани во клубот очигледно го изјаловија овој трансфер. Барем според француските медиуми е така. 

Дан Ракотеа е играч на Висла Плоцк, но уште во времето кога Љубомир Врањеш беше тренер на Веспрем, потпиша за унгарскиот вице-првак. 
Со смената на Варњеш и доаѓањето на Давид Дејвис на клупата на Веспрем, се смени и климата за доаѓање на Ракотеа. 
Тука требаше во приказната да се појави Вардар и да го преземе романскиот бек. Но, во моментов Вардар e во таква ситуација се бори грчевито да ги задржи своите, а и во тоа нема некој особен успех, а не пак да носи нови играчи. 

Тоа го искорисит француската екипа Шарт, клуб што и во Македонија има оставено трага, по победа на турнирот во Струга. 

Шарт ќе биде новата дестинација на Ракотеа, а таму оди како замена за Тунижанецот Ваел Жалуз. Тој има комплицирана здравствена состојба (проблем со очите) и прашање е дали ќе може да игра наредната сезона. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk