Мешков Брест го барал и Криштопанс, но...

Мешков Брест има голем апетит за вардаровите играчи. Коминицира со неколкумина, се надева дека ќе го доведе Тимур Дибиров. Се обиделе да го вратат назад и Даинис Криштопанс, но...

„Наша голема желба беше да го вратиме назад Даинис Криштопанс. Тој играше овде, публиката го сака. Тој има договор со ПСЖ од сезоната 2020, но и клаузула ако нешто се случи со Вардар, да замине уште во 2019. 
Неговиот агент ни побара многу, многу пари. Ако сакавме да го доведеме Крисштопанс на една година во Мешков, ќе требаше да направиме уште еден буџет“, изјави Павел Башкин, спортскиот директор на Мешков Брест во интервју за белоруската „Трибина“. 

„Со Тимур Дибиров сме постојан контакт. Заинтересирани сме за него, имаме понуда. Но, тој има и други понуди и се уште не решил каде ќе ја продолжи кариерата. Би требало наскоро да пресече“, изјави Башкин. 

Мешков Брест има понуда и за Димитри Кисељев, а веројатно и уште некој вардаров играч е на нивниот радар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk