Пелистер суспендира и за повреда

Турбуленциите во Пелистер продолжуваат. Откако замина првиот ешалон, односно директорот Златко Димитровски и тренерот Јошко Петковиќ, сега доаѓа ред на ракометарите. 

Тројца ракометари се суспендирани. Александар Станојевиќ, Александар Гуглета и Даниел Ѓоргески. Веројатно сите тројца завршуваат со играњето во Пелистер. Прашањето е дали тоа ќе биде веднаш или некој од нив ќе одигра барем уште еден натпревар. 

Суспендираните ракометари се етикетирани како „непослушни“; па побаравме побаравме објаснување од Даниел Ѓоргески, што значи тоа „непослушен“ во Пелистер. 

„Не знам за каква непослушност се зборува, од моја страна нема ништо такво. Ме повикаа на состанок и ми рекоа дека сум суспендиран затоа што сум се повредил. Изненаден сум, не очекував, а и не сум слушнал некој некогаш да биде суспендиран затоа што се повредил. Јас дојдов спремен во Битола, се повредив на натпревар на Пелистер, во Радовиш. Бев во Скопје на прегледи, за среќа излезе дека не е ништо страшно и дека со терапија и „јачање“ ќе се надмине проблемот. Ме повикаа назад во Битола и побараа од мене што побрзо да се вратам за да помогнам. Јас го сторив тоа, предвреме се вратив на терен, ризикував обновување и посериозна повреда за да им помогнам и сега се случува ова“, вели Ѓоргески. 


Пелистер се уште е во игра за излез во Европа сезонава, иако со само една победа и пет порази се наоѓа на последното место на плеј оф табелата во моментов. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk