СП МАКЕДОНИЈА: Доаѓаат Бразил, Чиле и Аргентина

Со завршувањето на квалификациите во Пан Американската зона, се комплетираше списокот од 24 репрезентации што ќе учествуваат на СП Македонија до 19 години во август во Скопје. 

Бразил, Аргентина и Чиле се трите (од вкупно шест) репрезентации што играа на квалификацискиот турнир и ги освоија првите места. Бразил со перфектен скор, Аргентина со еден пораз и Чиле со два пораза се искачија на првите три места. 

Сега е склопен комплетниот список на репрезентации учесници,со се замената Португалија - Австралија, па ичекуваме накоро одредување на шешири, додека ждрепката е закажана за 29 мај. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk