Пола Европа по чудото од Исланд

Многу малку треба во ловот на млади играчи големите клубови да го наместат нишанот на исто име. Младите македонски ракометари што добија шанса на СП нешто да покажат, не привлекоа ниту еден менаџер ниту пак некакво внимание. 
Затоа, пак, нивните колеги од Исланд се на цена и пола Европа се „тепа“ за нивниот потпис. 

Па така, „новиот Палмарсон“ - Гисли Кристијансон потпиша за Кил, голманот Виктор Халгримсон за ГОГ, а вистинска битка се води за потписот на играчот кој пред петнаесетина дена наполни 18, Хакар Трастарсон. Него го споредуваат со Сандер Сагосен.

Полскиот шампион Келце е последниот тим што застана во редот на преговарачи за исландскиот супер талент Хаукар Трастарсон. Запаметете го ова име. Летово ќе го гледаме во Македонија на Светското кадетско првенство. 
Келце сака да го ангажира Трастарсон доколку не успее да се договори со Скубе. 
Проблемот е што Трастарсон сака уште две сезони да игра на Исланд. Келсе се обидува да го убеди дека за него е подобро прво да игра во Полска, а потоа во Германија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk