ГЛЕДАЈТЕ ДЕНЕСКА: Ќе успее ли Лазаров? Манасков (веќе) е пред Келн

Почнува последната елиминациска разврска пред Фајнал Фор турнирот во Келн. Денеска во Веспрем и Барса се играат првите реванш натпревари од 1/4 финалето на ЛШ. 

Дејан Манасков и Веспрем се пред портите на Келн. Имаат помала предност од Келце, само шест гола, но играат на домашен терен. Не паметиме некој да го победил Веспрем со седум гола разлика во Веспрем Арена, но сме го виделе Веспрем во повеќе изданија. 
Големи фаворити за се пласман на Ф4, но ќе треба да тоа да го потврдат уште еднаш. 

Кирил Лазаров и Нант имаат малку шанси во „Блауграна“. Не само затоа што имаат дебел минус од првиот меч. Повеќе заради фактот што Барса годинава игра страшен ракомет и тоа е единствениот тим што не покажа никаква слабост досега. 

Келце вчера како шампион беше испратен кон градот на светлината. Со себе покрај убавите желби на своите навивачи носи и големи 10 гола предност. 
Утре во „Пјер де Кубертен“ ќе ги чека наострен ПСЖ. Сите ѕвезди на најскапиот клуб во историјата добија таков шамар во Полска што ги пече цела недела. Сега ќе тргнат по реванш. 
„Кој би можел, ако не ние? е нивното мото пред овој меч. 
Келце изгледа како екипа што е свесна дека не е завршна работата. Некогаш еден гол е многу, некогаш десет се малку“, е позната ракометна флоскула. 
Секогаш е подобро кога се десет гола, ќе видиме утре дали се многу или малку. 

Утре се игра и најголемиот меч, посебно за нашите фанови. Вардар во Сегед отиде со осум гола предност. Треба да бидат доволни за билет за Келн.




Денеска:
17:30   Веспрем - Флензбург (28-22)
19:30   Барса - Нант (32-25)
Утре:
17:00  ПСЖ - Келце (24-34)
19:00  Сегед - Вардар (23-31)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk