Момир Илиќ ќе каже крај во Бундес лига

Со месеци наназад се знае дека српскиот ас Момир Илиќ, нема да добие нов договор од екипата на Веспрем. Таму ќе има сериозно подмладување само со фактот што Ласло Наѓ (38) и Момир Илиќ (37) нема да играат следната сезона. 

Во интервју за унгарски медиум, Илиќ открива дека ќе игра уште една сезона. Желбата и сигурно обидите ќе бидат,  да игра уште една сезона во Бундес лигата, каде веќе има солидно искуство и потоа да стане тренер. 

„Ќе играм уште една сезона, така одлучив. Потоа ќе се обидам како тренер. Германија би била идеално сценарио“; изјави Момир Илиќ. 

Српскиот бек интернационалец стана во 2004 кога од Фиделинка премина во Горење, од таму во Гумерзбах, па во Кил и на крајот во Веспрем. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk