Работник купи бек од Словенија

Анже Ратајец, централниот бек на австрискиот Ферлах, а претходно на Горење и Тримо Требње, следната сезона ќе ја креира играта на битолски Работник, екипа што очекуваме да го освои второто место во македонското првенство, да се пласира во СЕХА Гаспром и доколку постојат услови и шанса да конкурира за место во Лигата на шампионите. 

„До трансферот во Еурофарм дојде по препорака на пријател. Потоа ме повика тренерот на тимот Стевче Алушевски и ми го претстави проектот. Сфатив дека сериозно би се сметало на мене во клубот. Постои можност д се игра во Лигата на шампиони и јас ја искористив шансата да играм во најсилната европска конуренција“, изјави Ратајец за порталот СД Шпорт. 




Ратајец е играш роден 1991 година, висок е 182 сантиметри и тежок околу 82 кг. Неговата играчка кариера ги опфаќа Тримо, Горење и Ферлах. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk