Ларвик остана без играчи!

За разлика од Вардар кој допрва влегува во период во кој за да преживее пренствено му е потребен вистински бизнис план, еден друг европски гигант со повеќе од 40 пехари, меѓу кои и од ЛШ и КПК, веќе неколку години една по една ги троши сите опции. 

Во услови на вистинска пазарна економија, екипата на Ларвик, доминантниот тим во Норвешка и дом на многу репрезентативки што ја направија женската Норвешка европски и светски лидер, ги фрла и последните џокери. 

Ларвик веќе ги има распродадено сите билети за цела следна сезона, ги продаде сите вредни играчи за кои можеше да земе отштета, ослободи од договор поскапи ракометарки, спонзорите ги имаат исплатено сите побарувања, школите си го платиле својот дел... па сепак, Ларвик не може да врзе крај со крај. За да не влезе во нов долг, клубот во текот на сезоната ги скрати сите професионални договори и сега ракометарите се под договор до 30 април. 

Но, Ларвик се пласираше во полуфиналето на норвешката Лига, а од утре сите нивни играчи се слободни. 

Дел од ракометарките веќе најавија дека нема да играат по 30 април. Ако се случи тоа Ларвик во полуфиналето ќе игра со младинскиот тим. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk