Абутовиќ продолжи љубов со РНЛ

Српскиот дефанзивен играч, Илија Абутовиќ (30) го продолжи договорот со германската екипа Рајн Некар Ловен. Абутовиќ со новиот договор се обврза да го носи жолтиот дрес до 2023 година. 

Абутовиќ е откритие на Веселин Вујовиќ. Тој го донесе во Вардар во 2011 од редовите на Слован и му ја даде шансата што му беше потребна. 
Со текот на годините, Абутовиќ се претвори во еден од најдобрите дефанзивци и минатата година стигна понудата од Манхајм. 

По една година мината во РНЛ, Германците му понудија продолжување на договорот и тој останува таму до 2023 година. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk