ФОТО: ЕХФ го претстави новиот пехар за ЕХФ Куп

Во претпоследната година од постоењето на ЕХФ Куп, Виена реши да го освежи натпреварувањето со нов лик на победничкиот пехар. Следната сезона ќе биде истиот трофеј, а потоа кога ќе се формира Лига Европа, ќе видиме што ново ќе измислат. 

Во европската елита тешко дека ќе има место за германски екипи, но затоа во ЕХФ Куп, големи се шансите финалето да биде германско. 

Домаќин на Фајанл Фор турнирот е Кил. „Зебрите“ за влез во финале ќе играат против екипата на Холстебро. Другиот полуфинален пар го сочинуваат Фуксе Берлин и Порто. 

Фајнал Фор турнирот ќе се игра на 17/18 мај. 



Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk