Terror 2 (2019)

AMC (The Walking dead) имаше неочекувано голем успех со десет епизодната серија The Terror минатата година. Уште во текот на сезоната беше донесена одлука да се снима и втора сезона.
Проблемот е што The Terror 1  беше замислен како еднократен проект и не може да биде продолжен. 

Затоа втората сезона ќе биде различна, иако ќе увидите дека има многу сличности со првата. 

Во Терор 1, експедиција што требаше да најде пат кон Арктикот беше заглавена во ледениот океан и ловено од митското ескимско чудовиште наречено Tuunbag. 



Во Терор 2, сезона што официјално се вика The Terror: Infamy акцијата е поместена стотина години подоцна и се одвива за време на Втората светска војна. Дејствието е во воен логор со мешана амерканско-јапонска заедница. Нив исто така ги лови нешто натприродно. 

За втората сезона AMC го ангажираше сценаристот Max Borenstein кој стои потпишан зад Godzilla и Kong: Skull Island. Alexander Woo (True Blood) е ко-сценарист и копродуцент, а режисер на првите две епизоди е Јosef Kubota Wladyka (Narcos). 
Овој тим е своевидна гаранција дека Терор 2, нема да падне под нивото на првиот филм. 

Премиерната епизода на втората сезона од Терор ќе биде емитувана на 9 август 2019. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk