Карачиќ: Овие момци имаат срце, треба да останат запишани во историја

Еуфоријата не само што не стивна по последниот меч на Вардар во ЛШ на домашен терен сезонава и најавата за распуштање на тимот, туку амбиентот е славенички. Келн е одново, трет пат по ред на дофат. Овој пат треба да се одбранат осум гола предност на непријатно гостување во Унгарија. 

„Ова беше наш последен натпревар овде, беше многу емотивно. Овие играчи на Вардар, каков и да биде клубот во иднина, треба да останат запишани во историјата. Ова се момци со големо срце, токму такви какви што и се потребни на Македонија.
Сакам да му се заблагодарам и на тренерот Парондо. Не беше лесно да се наследи Раул. Но, ги поврза линиите, создаде добра атмосфера. 
Во Сегед не одиме со бело знаме или само некако да се провлечеме. Таму ќе одиме со цел да победиме“, изјави Игор Карачиќ на прес конференцијата по мечот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk