Три месеци суспензија за тепачите од Ринија

Најголемиот инцидент во Првата Плеј Аут лига беше во рамките на седмото коло во кое во скопски Чаир се сретнаа екипите на Ринија и Аеродром.
Иако натпреварот резултатски немаше големо значење, инцидент и имаше и тоа невообичаен, ракометарите на Ринија тргнаа физички да се пресметуваат со навивачи на Аеродром, а тоа беа всушност родителите на играчите. Меѓу нив и жени и деца. 

Тројца ракометари на Ринија поради овој инцидент ја завршија сезоната. Добија тримеселни суспензии, но и нивните имиња влегоа во системот на казнети, па евентуален следен испад ќе ги чини многу „посакпо“. 



Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk