Гоце Џомба Георгиевски вратен од руски аеродром

Романскиот претставник во машкиот Челинџ Куп, ЧСМ Букурешт, на првиот полуфинален натпревар славеше важна победа над екипата на Нева Санкт Петербург од Русија. 

ЧСМ Букурешт запиша гостинска победа од 26-24 и е на прагот на пласман во финалето, каде што најверојатно ќе игра со Мадеира од Португалија. Тие на првиот меч го совладаа АЕК од Атина со 27-22. 

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, инаку стандарден во редовите на ЧСМ Буурешт не беше дел од експедицијата што играше во Русија. 

Причината е административна. Клубот заборавил дека треба да му извади патничка виза за во Русија. 

Клубот прашал во амбасада и од таму добиле инструции дека не му треба виза. И покрај преудпредувањата од Георгиевски, сепак, заминале. 
На пасошка контрола на аеродромот во Ст. Петербург му побарале виза и или специјална покана од клубот, каква што немале и не му дозоволиле да го напушти аеродромот. Екипата заминала во градот, Џомба останал на аеродром.
Почекал неколку часа и со првиот лет се вратил назад во Букурешт.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk