ЧСМ Букурешт освои еден пехар

ЧСМ Букурешт освои еден пехар. Со многу мака, дури по продолжение со 30-29 го совладаа тимот на Влчеа, идниот шампион на Романија. 
ЧСМ Букурешт, беше првиот ривал на Ѓер, сега во отсуство на Вардар. Тоа е проект дизајниран да ја освои Лигата на шампионите (за домашното првенство да не зборуваме), но годинава изгоре. Им се повредија двете најдобри ракометарки (Неагу и Куртовиќ), во меѓувреме лошо менаџираниот, дизајнираниот и лошо составен тим мораше да го смени и шведскиот тренер. Ја загуби домашната титула, а со два пораза во 1/4 финалето на најслабата ЛШ досега е спречен да одии на Ф4 во Будимпешта. 

На крајот огромна радост за освоениот Куп на Романија. Би си земале за право да кажеме дека ваквата радост за освоениот Куп најдобро ја отсликува немоќта на ЧСМ годинава. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk