Криштопанс: Прерано не отпишувате

Очекувано или шокантно, изненадувачки или логички расплет, како и да е, Вардар од јуни тргнува по патеката по која веќе цела година оди ЖРК Вардар. 
Ако се реализира најавата, а сите индкатори покажуваат дека ќе се реализира, тогаш нема да има веќе ѕвезден Вардар со неколку милиони буџет и легија на странски играчи што во „црвено-црн“ дрес се обидуваат да го освојат Келн. 

Ракометарите се слободни да си заминат, иако не е тоа толку црно-бела ситуација. Некои од нив ќе си заминеа без оглед на се, но за дел од нив веќе се развива комбинација каде би можеле. 

Вардаровите играчи сега се цел на менаџери, нон стоп се барани од новинари и веќе насекаде низ Европа е раширена атмосферата од вардаровата соблекувална. 
Даинис Криштопанс е еден од ракометарите што секако ќе си одеше од Вардар... следната сезона. Сега му се отворени „сите париски капии“. 

„Има уште некои работи што треба да се средат деновиве“, одговори Криштопанс на прашањето дали порано заминува на нова дружба со Раул Гонзалез. 


Интересно прашање за џиновскиот Летонец стигна и од Русија, Дали сега Пик Сегед има психолошка предност затоа што ќе игра против екипа што веќе нема да постои?


„Мислам дека е сосема спротивното. Прерано не отпишавте. Сега сите од ПИК Сегед очекуваат победа. Тоа се вика притисок. А ние сме ослободени од притисокот и се надевам дека на разделбата ќе им покажеме на фановите се што знаеме“, изјави Криштопанс. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk