Каденас презема клуб од Полска

Шпанскиот тренер Маноло Каденас немаше успешна мисија во екипата на Мешков Брест. По нецела сезона и без особен успех го напушта клубот, но нема да отиде многу далеку. 

Полската TVP објави дека Маноло Каденас е новиот тренер на Азоти Пулави, според сила третиот клуб во Полска зад Келце и Висла Плоцк. Интересно и двата посилни клуба имаат тренери од Шпанија. Маноло Каденас ќе си ја иполни желбата паралелно да ја води и репрезентацијата на Аргентина, нешто што во Мешков немаше да му го дозволат.

Азоти Пулави се чини дека се подготвува за интересен проект, можеби доволно силен за да го сфатат сериозно во Плоцк на пример. Михал Шуба се врати од Сесон Рен, а со доаѓањето на Каденас сигурно ќе има и други играчки измени. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk