Depeche Mode ќе „одат“ на Netflix

Култниот британски бенд Depeche Mode одново ќе го има на малите екрани во вид на документарец што го подготвува Netflix. 
По примерот на успешниот „101“ од 80-тите години, одново се снима филм што ќе го следи патешествието на шест долгогодишни фанови на бендот кои доаѓаат од Монголија, Франција, САД, Германија и Романија. Шестмината се среќаваат на концертот во Берлин. 
Тоа е сижето, другото е исполнето со врвна музика. 
Документарецот треба да се појави на Netflix во текот на летото. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk