Јурецки веќе нема да (за)игра за Келце

Сезоната е завршена за еден од најдобрите полски ракометари, Михал Јурецки. Бекот на Келце се повреди во февруари, фрактура на метакарпална коска и мораше да паузира два месеца. 
Терминот за враќање беше април, но нема да ја види пресметката со ПСЖ во 1/4 финалето на ЛШ, овој полски играч. 
Рехаблитацијата не е успешна и ќе мора на нова операција. 

Тоа значи нови два месеца пауза, односно крај на сезоната. Летово му истекува договорот со Келце, од јули се сели во Флензбург и тоа значи дека и без да знае веќе го има одиграно последниот натпревар во дресот на Келце. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk