Косово ќе игра на Јуниорското СП

Репрезентацијата на Косово до 21 година, обезбеди пласман на Светското јуниорско првенство што летово ќе се одржува во Шпанија. 
Косово до место на мундијалот до кое не можеа да стигнат многу попознати и поквалитетни репрезентации доаѓа како дел од проектот на ИХФ за развој на ракометот. 

За таа цел е формиран „Трофеј на ИХФ“, натпреварување за репрезентации од долниот дел на ранг листата. Наградата за победникот е местото на СП што досега му припаѓаше на кадетскиот светски првак. 

Така Косово ја искористи оваа шанса, а патем и беше домаќин на „Трофеј на ИХФ“. Во финалето беше подобар од тимот на Тајван. На турнирот учествуваа и репрезентациите на САД, Паргвај, Нигерија и Австралија. 

Во конкуренција на играчи до 19 години (овој турнир не беше квалифиациски), победи Тајван, пред Нигерија, Косово, Канада, Парагвај и Нов Зеланд. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk