Отворена битка за бараж: Дербито без победник

Битката за место во Супер лигата и натаму е неизвесна, иако Работнички се промовираше во фаворит за освојувањето на првото место и директен влез во елитата. 
Сепак и нив не им е доделена поканата, затоа што двата најголеми ривала, Металург 2 и Јуниор Кисела Вода се само на два бода заостаток, а и Младост 09 не е многу подалеку.

Што се однесува до двата ривала, тие вчера во Автокоманда водеа жестока битка која на крајот заврши без победник. Металург 2, овој пат не можеше да смета на репрезентативецот Мартин Серафимов, но и Јуниор Кисела Вода не беше комплетен, па и во тој поглед условно кажано беа израмнети. 

Домашните предводени од Михајло Младеновиќ имаа повеќе од водството, но во финишот беше егал и се играше гол за гол. Семафорот престана да одбројува при 21-21, а двата тима со по еден бод си заминаа дома. 

Младеновиќ со седум гола беше најефикасниот, Трајчевски, Гичев и Коловски со по четири гола беа најефикасни во редовите на Јуниор Кисела Вода. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk