Марковски стигна на врвот, но...

Со победата над третопласираниот Кан (36-33) екипата на Авенсоа каде што тренер е поранешниот македонски репрезентативец Иван Марковски, се искачи на врвот во Втората француска лига. 

Со овој пласман во клубот се презадоволни, екипата го достигна врвот и е на вистинскиот пат да обезбеди пласман во Д1 Дивизијата. 

Но тоа нема да е случи. 

За влез во француската елита, не е доволно да си играчки најдобар во втората Дивизија. Потребна е ВИП карта, а таа се добива само доколку се исполнат низа услови. Еден од тие услови е минимален буџет од 700.000 до 1.000.000 евра. 

„Годинава само уживаме во играта“, вели Марковски. „Одиме напред, растеме, стигнавме до ова ниво, но за да играме во Д1, ни треба ВИП карта. Тоа го знаевме, тоа ниво би требало да го стигнеме за година до две. Дотогаш, ќе уживаме во играта и во победите во оваа Дивизија“, изјави Марковски. 





Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk