Ни се смешка вториот шешир за ЕП 2020

Репрезентацијата на Македонија од двобојот со Исланд излезе како вкупен победник и без разлика што во моментот е на второто место на табелата, доколку на крајот на квалификацискиот цисклус заврши со ист број на бодови како и Исланд (проектирано по девет бода) ќе биде на првото место на табелата затоа што има подобар меѓусебен скор. 

Пласманот на репрезентациите по групи е одлучувачкиот фактор кога ќе се формираат шеширите со носители за ждрепката за прелиминарната рунда. Втор фактор е пласманот на последното ЕП. 

Македонија ја има судбината во свои раце и со победи над Турција и над Грција во последните две кола би го освоила првото место. Со оглед на пласманите на другите репрезентации, тоа би ни го донела вториот шешир. 




На ЕП 2020 ќе има шест групи со по четири екипи од кои само две продолжуваат во следната фаза. Следствено на тоа во ждрепката ќе има четири групи со по шест екипи. Ако си земеме слобода да предвидиме дека моменталните лидери на табелите би завршиле и на првото место, нешто за што Македонија ќе се бори во следните две кола, шеширите би изгледале вака. 

Во шеширот број еден ќе се најдат следниве екипи:
Шпанија, Шведска, Франција, Данска, Хрватска, Чешка
Во шеширот број два би биле:
Норвешка, Словенија, Германија, Македонија, Унгарија, Австрија
Во третиот шешир би биле Исланд, Русија ... понатаму би рекле дека Полска, Украина и Швајцарија се посериозните кандидати. Но, ако продолжиме би влегле во премногу предвидувања. 

Ждрепката ќе биде полудиригирана и уште отсега се знае дека Австрија нема да може да игра против Хрватска, Данска и Шведска од првиот шешир.
Хрватска нема да може да игра против Германија и Норвешка од вториот шешир. 
Германија нема да може да игра против Шведска, Данска и Хрватска..
Данска нема да игра против Норвешка и Германија.

Ова е затоа што домаќините имаат право да сместат една репрезентација во некоја од групите. Па така, Австрија ќе игра во Виена, Хрватска во Грац, Германија во Трондхајм. Исто во Трондхајм ќе игра и Норвешка, но во друга група. Данска ќе биде домаќин во Малме, а Шведска во Гетеборг. 

Бенефитот што го носи пласманот во главна рунда, а до него дефинитивно многу полесно се доаѓа од вториот шешир, се можност да се играат Олимписки квалификации. Таму веќе се Шпанија, Шведска, Норвешка, Франција, Хрватска и Германија. Данска е веќе квалификувана. 
Ние треба да бидеме меѓу двете репрезентации на ЕП што се најдобропласирани, а не се на овој список. Со други зборови, ако ја пројдеме групата, тогаш ќе бидеме многу блиску до целта. 

Вториот бенефит е прв шешир во ждрепката за бараж за пласман на СП 2021. И тој мундијал е проширен од 24 на 32 репрезентации. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk