Гледајте денеска: Вечерва игра Македонија

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд е централниот натпревар за македонската спортска јавност денеска. По успехот од пред три дена во Рејкјавик, салата „Борис Трајковски“ е распродадена и Исланѓаните ги очекуваат полни трибини и голем притисок од скопската публика. 
Ако Данило Брестовац најде лек за Арон Палмарсон, а нашата бековска линија функционира како на Исланд, тогаш, ќе бидеме многу блиску до остварувањето на целта. 

Данска вчера и се реваншираше на Црна Гора и со 11 гола разлика го избледе срамот од поразот во Подгорица. Денеска истата мисија ќе ја има и Франција, на домашен терен со Португалија. Поразот од шест гола во Гимараеш, мора да биде отплатен денеска. 

Германија стана првата репрезентација што преку квалификации обезбеди пласман на ЕП. Тие до четвртата победа стигнаа синоќа над Полска, 29-24. Оваа средба ја судеше македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. 



Хрватска и остави еден бод на Србија во Белград, но сега балканската пресметка се сели во Задар. Овој град стана синоним за нетрпеливост кон Србите и секако ќе има голем набој на овој меч. 

Кокшаров со двајцата повредени вардарови играчи од првиот меч, ја чека новата пресметка со Унгарија. Русија одново не игра на  ниво какво што се очекува, а Кокшаров тоа го правда со отсуството на Житњиков, Атман и Шкуринскиј. Среќна околност за нив е што Словачка и Италија им се ривалите, а Словачка практично се распаѓа по кавгата со Татран Прешов. 


Денеска на терените: 
14:00  Швајцарија - Белгија
14:10  Летонија - Естонија
15:30  Литванија - Романија
16:00  Белорусија - Чешка
16:00  Турција - Грција
16:00  Унгарија - Русија
17:00  Бих - Финска
17:00  Словачка - Италија
17:00  Словенија - Холандија
17:30  Франција - Португалија
18:00  Израел - Косово
20:00  Македонија - Исланд
20:30  Хрватска - Србија
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk