Брестовац со две нови имиња против Исланд

Не само селекторот на Исланд, туку и селекторот на Македонија направи две измени во составот што вечерва ќе истрча на терен против репрезентацијата од северниот остров. 
Измените не се суштински, повеќе се козметички, но можеби во текот на натпреварот ќе треба да видиме од двајцата нови ракометари како преземаат одговорност. 

Мартин Серафимов е во тимот на местото на Томи Јагуриноски. На десната бековска позиција е Кирил Лазаров, неприкосновен, но ќе видиме. Серафимов можеби денеска ќе добие шанса да го одмори капитенот. 

На местото на крилото Маџовски во состав е повикан Димитар Димитриоски. Дејан Манасков е првиот избор на десната крилна позиција. Имаше одлична партија во Рејкјавик, сега очеуваме најмалку на исто ниво меч и во Скопје. Димитроски од сенка ќе ја чека својата шанса. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk