Вардар ќе позајми лев бек од Веспрем

Романскиот бек Дан Емил Ракотеа (23) нема да ја продолжи кариерата во Веспрем како што беше најавено и официјализирано, туку ќе скршне малку на југ и летово ќе слета во „Јане Сандански“ во Скопје. 

Ракотеа е играч на Висла Плоцк, има само 23 години, висок е 202 сантиметри и игра на позиција лев бек. Игра во два правца. 
Од 18 години е репрезентативец на Романија, мина по една сезона како позајмен играш во Брашов и во ЧСМ Букурешт, пред во 2014 да се пресели во Полска. Таму ќе комплетира 5 години и потоа требаше да оди во Веспрем. 
Овој договор беше потпишан за време на Љубомир Врањеш, но откако Швеѓанецот си замина, а на чело на клубот стигна Дејвис, кон Ракотеа не се гледа со истите очи.

Ракотеа во Вардар би дошол како позајмен играч. Би дошол на местото на Вуко Борозан кој како што неофицијално дознаваме веќе ги има спакувано куферите и прашање е дали воопшто ќе го видиме повторно во дресот на Вардар. 
Очеуваме наскоро и официјална потврда од клубот во врска со доаѓањето на Ракотеа, но и заминувањето на Борозан.  
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk