Пролетни бодови за Металург

Т. Пролет - Металург  26-32 (12-16)
Андоноски 5, Аларов 4, Џонов 4, Мајнов 4, Манасков 4 - Танкоски 5, Шпенде 5, Димитриоси 4

Металург е во лоша фаза. Без тренер, односно со привремено и принудно решение, со практично загубено второ место во домашното првенство односно место во СЕХА Гаспром и за малку да му се врати крв во лицето му беа потребни бодови од Т. Пролет.

И стигна до очекуваната победа. Локалниот противник имаше желба мотив и добра игра во првите 15-тина минути од средбата, потоа работите си отидоа во познатиот и пчекуван правец. 
Гол-два предност имаше Металург на стартот, домашните израмнија 7-7, поведоа 9-8, но по 10-10 Металург постигна 4 гола во серија и стигна до предност штп ја задржа до крајот на натпреварот и конечниот триумф.
Домашните, иако не беа во голема негатива, најмногу што се доблиѓија беше ,минус три (21-24), но веднаш потоа Металург ја врати безбедната дистанца. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk