Инцидент, три сини картони и нови 40+ за Аеродром

РИНИЈА - АЕРОДРОМ  36-44 (16-19)
Марковски 12, Емини 5, Салиу 5 - Ташевски 6, Митев 6, Антевски 5, Андоновски 5

Дека Аеродром постигнал повеќе од 40 гола на натпревар веќе не е вест. Вест ќе биде кога нема да даде 40 гола. Вчера во скопски Чаир, избраниците на Дарко Петровски, новиот тренер на пионерската репрезентација (2002 и помали) броеја до 44. 
Патем симнаа шапка и кон Богданци и Младост на Митко Стоилов кој го совладаа Астраион и сега, Аеродром и Астраион се на само три бода разлика во битката за првото место.
Тоа е резиме на спортскиот дел. 

За жал во Чаир имаше и епизода каква што веќе сме заборавиле и мислевме дека веќе нема да гледаме. Откако е оваа РФМ гарнитура, со воведување на строги казни речиси ги снема инцидентите што беа секојдневие во минатото. 
Но, Ринија ни покажа дека потенцијалот за инциденти е тука, скриен под површината и чека згоден момент. 

На натпреварот имало инцидент. Играчите на Ринија тргнале физички да се пресметуваат со публиката на Аеродром. А публиката на Аеродром се родителите на ракометарите, меѓу нив и жени. Имало тупаници, буткање, плукање... натпреварот бил во прекин, a играчите на Аеродром се повлекле во соблекувална. 
Реагирал делегатот, дошла полиција, салата била сосема испразнета и натпреварот се доиграл.
Судиите доделиле три сини картони и тоа за играчи што биле сосема сигурни дека учествувале во инцидентот. По разгледување на снимката од натпреварот можеби ќе има и повеќе. 
„Добрата“ вест е дека нема последици и се завршило „добро“. 

Конечниот резултат од средбата е 36-44. Конечниот епилог од средбата ќе го добиеме од Дисциплинската Комисија на РФМ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk