Сара Ристовска во ЦСКА Москва?

Македонската репрезентативка Сара Ристовска следната сезона ќе го напушти тимот на Крим Љубљана и ќе се пресели во екипата на ЦСКА Москва. 

Словенечкиот шампион се наоѓа во криза која се продлабочила и ги нарушила и односите меѓу раометарките. Од клубот си одат Гркинката Лампарини, Украинката Передериј (Мец), па Тјаша Станко (Подравка), потоа Панџиќ, Крсник... Тамара Мавсар ќе се посвети на мајчинство..

Екипата на ЦСКА Москва е нов руски проект што ќе се базира на екипата на Луч Москва. Засега овој клуб е завиен во вел на мистерија, но полека почнуваат да се пробиваат и првите информации за кои се уште чекаме да бидат официјализирани, вклучително со трансферот на Ристовска.

Што се однесува до ЦСКА Москва, се очекува во оваа екипа да потпише руската репрезентативка Дарја Дмитриева, а тренер, ако во моментов ги слушаме шпекулациите треба да биде Јан Лесли од Данска. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk