ВАРДАР ДОБИВА ПРОТИВНИК: Сегед или Висла?

Вардар вчера го прослави осмиот пласман во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, а пред заминувањто на СЕХА Фајнал Фор викендот во Белорусија, денеска ќе може опуштено да се „занимава“ со маките на својот следен противник во ЛШ. 

Попладнево во Сегед играат ПИК Сегед и Висла Плоцк. Голем фаворит за пласман во 1//4 финалето на унгарскиот клуб. Не само затоа што има плус два од гостувањето во Полска, туку и затоа што во текот на целата Лига на шампиони игра добро и беше веднаш до ПСЖ во групната фаза, рано обезбедувајќи го второто место. 

Висла Плоцкод друга страна беше сосема друга приказна. Беше на раб на елиминација во првите елиминации што ги играше со Бјерингбро откако дома загуби 22-26. Но потоа како гостин победи 27-20 и се пласираше во 1/8 финалето.
Сега се надева на слично чудо. Но, ПИК Сегед ниту оддалеку не е екипа како Бјерингбро... 

Гостите од СЕХА денеска ќе стигнат во Брест, но домаќинот Мешков нема да биде дома. Белорусите вечерва од 19:00 часот ќе играат во Германија, против Флензбург. 
На првата средба беа поразени со два гола разлика на домашен терен и сега тешко дека ќе успеат да направат подвиг од толкави размери во Флензбург. 


ЛИГА НА ШАМПИОНИ
17:00  ПИК Сегед - Висла Плоцк
19:00  Флензбург - Мешков Брест

1/4 Финале:
Келце - ПСЖ
Нант - Барса
Вардар - Пик Сегед/Висла Плоцк
Флензбург/Мешков - Веспрем  
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk