Аеродром испорача уште една „40“

Аеродром може слободно да го промени своето име и да се вика Аеродром 40, па да се фали во иднина дека во дебитантската сезона во Првата лига, на четири од шест меча постигнал по 40 гола со ракометари што главно се на возраст 15-17 години. 

На дуелот со Весна Акумулатори, на единствениот меч од првата Плеј Аут лига Аеродром запиша победа од 40-19 и се искачи на второто место на табелата, веднаш зад неприкосновениот Астраион. 

Средбата беше решена во првата четвртина во која Аеродром поведе со 11-4. Потоа беше своевидна рутина кога е во прашање скопскиот тим. Брзата игра им донесе водство од 19-9 на полувреме а во вториот дел постигна уште 21 гол колку да ја задржат „традицијата“. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk