ПРВА ЛИГА ПЛЕЈ ОФ: Јуниор го предизвика Работнички

Јуниор Кисела Вода без поголеми резултатски неизвесности 28-26 (16-12) го совлада Младост 09 и стигна до својата петта победа во првенството, преедизвикувајќи го Работнички да го стори истото денеска на гостувањето во Неготино. 

На средбата што се одигра во Киселва Вода, Јуниор уште во првата фаза од мечот ги реши сите дилеми. Поведе со 11-3 и победникот беше решен. 

Мите Караиванов со 13 гола се погрижи неговиот тим да не доживее катастрофа, па средбата беше и релативно израмнета, со тоа што комотното водство на домашните не беше загрозено.

Христијан Биковски со девет и Марио Гичев со шест гола беа најефиасните. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk