МЛАДИНСКИ Ф4: Охрид и Металург 2 во големото финале

Охрид и Металург 2 ќе се сретнат во финалето на Младинскиот Ф4 турнир што се одржува во Охрид викендов. Овие две екипи беа најдобрите и во регуларниот дел од Младинската лига, а денеска по одигруавње на полуфиналните средби се најдоа и во големото финале. 

Охриѓани на Металург во големото финале му се придружија победувајќи го тимот на КЛ7 со 28-23 (15-12) во второто полуфинале. „Металурзите“ на првиот меч одигран во „Билјанини извори“ денеска ја го совладаа тимот на Струга 31-26 (11-10).

Во тимот на Охрид стрелец  број еден беше Наум Костов кој постигна девет погодоци, а во тимот на КЛ7 најефикасен беше Дејан Џигероски со седум голови.

Од средбата Металург - Струга ги издвојуваме Димитар Михајлов со осум и Михајло Младеновиќ со пет гола, додека кај стружани по шест гола постигнаа Ненад Костески и Сенад Бајрамоски. 

Финалето ќе се игра со почеток од 17:30 часот. 

foto: ohridnews.com
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk