Вардар се прошета до 1/4 финалето

ВАРДАР  - ППД ЗАГРЕБ  32-30 (19-13)
Чупиќ 9, Карачиќ 3, Калараш 3, Дибиров 3, Борозан 2, Кисељов 2, Шишкарев 2, Скубе 2, Дизингер 1, Војводиќ 1, Стоилов 1 - Хорват 11, Буриќ 5

Вардар се пласираше во 1/4 финалето на Лигата на шампионите и утре ќе дознае дали таму ќе игра против ПИК Сегед што е најверојатно или со Висла Плоцк што е помалку веројатно. 

Вардар денеска по втор пат играше со Загреб. Средбата, ако ги исклучиме полните трибини, наликуваше на суперлигашки натпревар или меч од СЕХА Гаспром. 

Вардар со девет гола залиха од првата средба играше доволно за победа и за да ги заштити играчите пред дуелите во 1/4 финалето, патем и да ги врати малку во живот Горбок и Борозан. 

ППД Загреб играше за да избегне катастрофа и доколу му се пружи шанса да го поправи впечатокот од првиот натпревар.
Таква шанса му се пружи, ППД Загреб ја искористи за тесен пораз. 

Вардар почна цврсти и внимателно и брзо дојде до водство од три гола (5-2), што потоа без проблеми го одржуваше и зголемуваше. Беше 10-6, 12-7, 17-11...
ППД Загреб беше инериорен, се бореше да остане во рамките на 10 гола негатива и му појде на полувреме да биде минус од шест (13-19).

Во првите пет минути од вториот дел, Вардар се уште играше добро, имаше максимални плус седум (23-16) и потоа престана да игра одбрана. 
Имаше за волја на вистината и повеќе измени во нападот, тоа ППД Загреб го искористи и намали со серија од 4-0 на 20-23. Потоа се играше гол за гол, некогаш Вардар ќе имаше четири некогаш ќе беше само два. 

Во финишот ППД Загреб стигна до 30-31, но Карачиќ не дозволи изненадување и постигна гол со кој ја запечати судбината на гостите. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk