ТРАНСФЕРИ: Симиќ ја продолжи верноста

Најдобриот црногорски и еден од најдобрите светски голмани, Небојша Симиќ, потпиша нов четиригодишен договор со Мелзунген. 
Црногорецот дојде во Германија во 2017 година од редовите на Кристијанштад и по нецели две сезони се обврза за нови четири години. 

Пред да замине во Шведска, Симиќ беше голман на Седмерац, Морнар и Ловќен. Во 2012 потпиша за Лунд, потоа за Малме за на крај да замине во шампионот Кристијанштад од каде беше забележан од Германците. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk