Три измени во составот на Исланд

Македонија и Исланд на јануарскиот мундијал во Минхен ги одмерија силите, а на наше големо разочарување, подобри беа островјаните и се пласираа во главната рунда. 
Сега доаѓа моментот кога одново ќе се соочиме со нив и тоа во рамки на квалификациите за ЕП 2020. Македонија е во група со Исланд, Турција и Грција. Досега имаме една победа дома со Турција и еден пораз на гости со Грција. 
Исланд има две убедливи победи, дома со Грција и на гости со Турција. 

Денеска селекторот на Исланд го соопшти составот на својот тим во кој има три разлики од составот со кој играше на СП. А тоа е нивниот подмладен состав. 

Двата голмани од СП, Бјоргвин Пал Густавсон како број еден и новиот голман, Агуст Бјоргвинсон се во тимот. Тука се и довчера вториот голман Арон Едвардсон и Гисли Халмгримсон кој има само четири настапи за Исланд. 

На позицијата лево крило е првата голема промена. Не е во тесна комбинација Стефан Сигурмансон од Пик Сегед кој играше на СП. Неговото место го зазема Гудјон Валур Сигурдсон. Бјарки Елисон е тука за да пополни како второ лево крило. 

На позиција лев бек се четирите бека што беа на СП: Арон Палмарсон, Олафур Гудмундсон, Олаф Густафсон и одбранбениот Тор Ингесон. 

Втората промена е на позицијата централен бек. Нивната најголема надеж „Новиот Палмарсон„ - Гисли Кристијансон е повреден и подолго време ќе биде вон строј. На неговото место Магнус Магнусон од Валур добива шанса. Јонсон и Трастарсон играа и на СП. 

На позицијата десен бек се истите играчи од СП. Омар Магнусон од Алборг и Орн Ејнарсон од Кристијанштад. 

На позицијата десно крило е треттата промена. Се враќа Арнор Тор Гунарсон, нивниот прв избор на десно крило, а во резерви останува играчот со митско име - Один Тор.
Второ крило ќе биде Сигвалди Гудјонсон кој играше и на СП. 

Тројца пивоти повика Гудмундур Гудмундсон. Од нив двајца играа на СП. Тоа се Арнор Арнорсон и Орн Гисласон. Третиот е нова надеж, од екипата на Хаукар е повикан Хеимир Хеимисон. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk