ЗЛАТНА ЛИГА: Доминација на Франција и Норвешка

Неделата на ЕХФ е резервирана за бројни пријателски натпревари во женска конкуренција (само денеска, вкупно 11 средби се на програмата), во кои ќе ја видиме и Македонија на два натпревари со Црна Гора. 
Најсилниот турнир веќе почна и се игра во Франција, а гости на актуелниот европски првак се репрезентациите на Норвешка, Данска и Романија.

Во првото коло бевме сведоци на голема доминација на репрезентациите на Норвешка и Франција. 

Норвешка во машка конкуренција не можеше во финалето на СП со Данска, но во женска конкуренција силите се сосема поинакви, посебно затоа што Данска почна рано подмладување на тимот. 
Норвежанките победија со 31-20.

На вториот меч, Франција како домаќин немаше никаков проблем против Романија (без Неагу) и ги совлада со 28-18. 
Денеска играат Норвешка - Романија и Франција - Данска. Утре на дуелот Франција - Норвешка ќе го добиеме победникот на турнирот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk